Достапни линкови

Триста Руси се удавиле барајќи освежување од горештините


Околу триста луѓе се удавиле во изминатите десет дена во Русија, каде што владеат необично високи температури. Бранот на големи горештини натера многу Руси да побараат освежување во базените, реките и езерата. Комбинацијата на алкохол, високи температури и вирови за многумина била кобна, пренесе агенцијата АНСА. Поради високите температури, кои во централна Русија достигнуваат и до 37 степени, големи се штетите во земјоделството, а регистрирани се и неколку шумски пожари. Во 12 региони е прогласена вонредна состојба.
XS
SM
MD
LG