Достапни линкови

Дивите пaзараџии нелојална конкуренција


Без давачки, поефтино...

Без давачки, поефтино...

Пазарџиите кои уредно плаќаат давачки кон државата се жалат на дивите продавачи во Куманово

И покрај тоа што кумановското Ј.П. „Пазаришта“ стопанисува со централен и реонски Зелен пазар и со 800 тезги за продажба на земјоделските производи и други видови стока, уличните тезгаџии не се откажуваат од нивните работни места. Тротоарот покрај Булеварот „Трета МУБ“, една од главните и најфреквентните сообраќајници во градот покрај централниот Зелен пазар и натаму е
Тие пречат на улицата. Ние плаќаме тезги, тие не, а спуштаат цени.
запоседнат од дивите трговци. Закупнината на тезгите во пазарскиот комплекс е од две до три илјади денари месечно, пари кои закупниците со тешки маки ги заработуваат, но не можат да ги дислоцираат нивните нелојални конкуренти. Тезгаџиите за ова велат:

„Тие пречат на улицата. Ние плаќаме тезги, тие не, а спуштаат цени.“

Некои не сакаат да зборуваат за тоа, а има и такви кои велат:

„Не ми пречат. Секој се мачи за себе и мора да живее од нешто. Тие имаат малку стока.“

Купувачите пак не прават разлика:
Јас сум 25 години на пазарот по шест месеци во годината. Слабо оди. Многу мака, трошоци, многу стока, малку се троши.


„Купуваме и од улица. Гледаме квалитет на стоката.“

За условите на пазарот тезгаџиите велат:

„Не сакам за тоа да коментирам.“
„Прашајте други“.

А за заработувачката тезгаџика која продава сопствени земјоделски производи вели:

„Јас сум 25 години на пазарот по шест месеци во годината. Слабо оди. Многу мака, трошоци, многу стока, малку се троши.“

Директорот на „Пазаришта“ Фадиљ Шабани вели дека фирмата успешно работи и наплатата за првата половина од годината е над 95 отсто. Пазарите имаат санитарни јазли и вода, хигиената се одржува добро. Меѓутоа:
Диви пазарџии во Куманово

„Проблем на пазарот нема, освен дивите трговци околу пазарот. Нелојална конкуренција се, бидејќи тезгаџиите плаќаат, а тие продаваат на диво.“

Претпријатието не е надлежно да ги дислоцира дивите продавачи, но со локалната самоуправа планира мерки за заштита на легалните тегаџии.

„Нашите тезгаџии да бидат заштитени со столбови околу пазарот и на паркингот. Има слободни места на пазарите, бидејќи на реонскиот пазар само 40 отсто од капацитетот е искористен“, вели Шабани.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG