Достапни линкови

logo-print

Обама и Нетенјаху разговарале за мир на Средниот Исток


Американскиот претседател Барак Обама денеска за време на посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата Куќа изјави дека поврзаноста меѓу Израел и САД е нераскинилива. По средбата Обама ја пофалил одлуката на Израел да ја олабави блокадата на појасот Газа. Двајцата лидери разговарале за можноста да се оживеат директните преговори меѓу Израелците и Палестинците . Обама изјавил дека верува оти Израел е сериозен во врска со продолжување на директните разговори помеѓу двете страни.
Палестинците ги прекина директните мировни разговори откако Израел започна воена офанзива во Газа при крајот на 2008 година.
Обама и Нетанјаху, исто така, разговарале и за контроверзната иранската нуклеарна програма. Обама изјавил дека Вашингтон ќе продолжи да врши притисок врз Иран, а Нетанјаху побарал поостри санкции против Техеран.
XS
SM
MD
LG