Достапни линкови

Нетенјаху пристигна во Белата Куќа


Американскиот претседател Барак Обама денеска во Белата куќа го прими израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху . Се очекува тие да разговараат за напорите Израелците и Палестинците директно да преговарат за мировен договoр.Палестинците ги прекина директните мировни разговори откако Израел започна воена офанзива во Газа при крајот на 2008 година. Во пресрет на посетата на Нетанјаху на Вашингтон, Израел најави дека ќе ја олабави блокадата на појасот Газа Израел е под меѓународен притисок да ја укине блокадата на појасот ,особено по нападот врз хуманитарниот конвој кој носеше помош за Газа, при што загинаа 9 луѓе. Обама и Нетанјаху исто така се очекува да разговараат и за контроверзната нуклеарна програма на Иран



XS
SM
MD
LG