Достапни линкови

Груевски се сретна со Летерм


Белгија како претседавач со ЕУ заедно со медијаторот Метју Нимиц ќе се обиде да посредува за решавање на спорот за името, изјави белгискиот премиер Ив Летерм по денешната средба во Брисел со премиерот Никола Груевски, јави дописникот на МИА. Летерм изјавил дека ќе се обидат да реагираат како посредник и во соработка со Нимиц да се најде решение. Тој изјавил дека иднината на Македонија е во ЕУ , и Унијата нема да биде цела без Македонија. Груевски изјавил дека Македонија го дава максимумот за да се постигне решение. Летерм и Груевски разговарале и за реформите, и се навратиле и на проблемот со азилантите за кој изјавиле дека е решен. Двајцата премиери денеска потпишаа Договор за избегнување на двојното оданочување
XS
SM
MD
LG