Достапни линкови

ЕУ го затвори својот воздушен простор за некои ирански компании


Од Европската унија соопштуваат дека ќе им забранат на повеќето ирански авиони да влегуваат во воздушниот простор на 27 земји членки на Унијата, бидејќи ЕУ е загрижена за безбедноста. Портпаролката на Европската Комисија негирала дека оваа постапка е поврзана со санкциите кон Иран за неговата нуклеарна програма. Од Комисијата соопштуваат дека по направената инспекција на Европската Агенција за воздушна безбедност се согласиле да го прошират ограничувањето за некои ирански авиони, но сепак некои од нив се уште можат да го користат воздушниот простор на ЕУ. На листата на ЕУ на забранети авиокомпании се наоѓаат 282 компании, најмногу од африканските и од азиските земји.
XS
SM
MD
LG