Достапни линкови

Погребан Ајтолахот Фадлалах


Илјадници луѓе се собрале денеска во јужен Бејрут на погребот на врховниот шиитски свештеник, големиот ајатолах Мохамед Хусеин Фадлалах. Фадлалах почина пред неколkу денови на 75 годишна возраст. Во земјата е прогласен ден на жалост, а државните институции, училиштата и универзитетите не работат. Фадлалах се сметаше за духовен водач на Хизболах , и беше критичар на Соеднинетите држави и на ирзаелската политика. Но во последните години тој се дистанцираше од Хизболах . Тој преживеа голем број на обиди за атентат, вклучувајќи го бомбардирањето насочено кон него во Бејрут во 1985 година, во кое загинаа 80 луѓе.
XS
SM
MD
LG