Достапни линкови

Тадиќ се обрати пред Советот за безбедност на ОН


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска од Њујорк изјавил дека Србија ќе го преиспита својот однос кон меѓународното присуство на Косово, ако и понатаму меѓународниот фактор продолжи да ги подржува дестабилизирачките чекори на Приштина. Тој се обрати пред Советот за безбедност на ОН, на вонредната седница свикана по барање на Србија, заради неодамнешниот напад во северниот дел на Косовска Митровица. Тадиќ инцидентот го оценил како обид за зголемување на меѓуетничките тензии и да се саботира одржливиот мир на Косово.
XS
SM
MD
LG