Достапни линкови

Ромпеј го заобиколува Скопје


Ван Ромпуј денеска во Белград

Ван Ромпуј денеска во Белград

Претседателот на ЕУ во посета на регионот, но не и во Скопје. Експертите со поделени мислења зошто Ромпуј го заобиколува Скопје

Претседателот на Европската унија Херман Вон Ромпеј го заобиколува Скопје при посетата на регионов. На прашањето зошто Македонија не е една од дестинациите на европскиот претседател, нема официјален коментар ниту од канцеларијата на Европската унија во Скопје, ниту пак од македонското Министерство за надворешни работи. Од тука се поставува прашањето

зошто првиот човек на Унијата го заобиколува Скопје? Дали тоа е знак дека претставници на европското семејство нема што да дискутираат со македонските власти?


Самото избегнување, од важните авторитети кои ги следат светските политики и процесите кои се поврзани со приближување на балканските земји кон ЕУ и НАТО. Тоа не е добра порака.
Експертите со поделени мислења.

Професорот Назми Малиќи вели дека ваквиот потег на првиот човек на ЕУ треба да загрижува.

„Самото избегнување, од важните авторитети кои ги следат светските политики и процесите кои се поврзани со приближување на балканските земји кон ЕУ и НАТО. Тоа не е добра порака. Или можеби е порака за предупредување.“

Ако стратешка цел на македонските власти е европска интеграција на земјава, тогаш активностите треба да се фокусираат кон таа цел, додава Малиќи.

Херман Вон - Ромпеј
„Додека однесувањата на премиерот, на одредени министри, па и лидери на политички партии, нивното однесување не е соодветно на стратешката цел, членство во евроатлантските организации.“

Професор Димитар Мирчев, пак, вели дека македонскиот државен врв е во постојана комуникација со Унијата
Така што не ме изненадува и не гледам драматично и индикативно на посетата на Ромпуј на регионот.

„Така што, не ме изненадува и не гледам драматично и индикативно на посетата на Ромпеј на регионот.“

Мирчев додава дека и идните планирани средби на македонските власти со претставници на Унијата би биле поволни за земјава.

„И претпоставувам дека добар дел од дилемите, од нашите предизвици за кои очекуваме одговор, навистина на тие седници ќе најдат соодветен одговор“, смета Мирчев.
XS
SM
MD
LG