Достапни линкови

39 партии и 11 коалиции за изборите во Бих


Кандидатски листи за учество на општите избори во Босна и Херцеговина до Централната изборна комисија до синоќа, кога истече крајниот рок за предлагање, доставиле вкупно 39 политички партии и 11 коалиции.
На изборите, закажани за 3 октомври, ќе се избираат членови на Претседателството на БиХ, пратеници на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ и на Народното собрание на Република Српска, како и членови на кантоналните собранија во Федерацијата БиХ.
Во исто време во Република Српска ќе се избираат претседател и двајца потпретседатели на српскиот ентитет во БиХ.
Според проценките на Комисијата, целиот изборен процес ќе чини околу 6,44 милиони евра.
За изборите се регистрирани над 3,1 милиони граѓани на Босна и Херцеговина со право на глас.
XS
SM
MD
LG