Достапни линкови

logo-print

Во Францускиот Парламент дебата за фереџето


Во францускиот парламент денеска ќе започне дебата за нацрт-законот со кој се предвидува забрана жените да носат превез преку лицето на јавни места. Подржувачите на забраната велат дека со тоа се кршат идеалите на француската република за секуларизам и родовата еднаквост, а исто така е потенцијална закана за безбедноста. Противниците на законот пак велат дека на забраната може да се гледа и како на ограничување на индивидуалните слободи. Во Франција веќе се забранети муслиманските шамии и други верски симболи во училиштата. Долниот дом на парламентот ќе треба да гласа на 13 јули, а доколку го одобри законот тој ќе биде испратен до Сенатот во септември. Со пет милиони муслимани, Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европската унија. Франција е втора европска земја по Белгија која сака да го забрани носењето на фереџето.
XS
SM
MD
LG