Достапни линкови

Црвенковски на средба со Филе во Стразбур


Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска во Стразбур ќе има средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а ќе се сретне и со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Зоран Талер, како и со европратеникот Едуард Кукан од Европската народна партија и Ханес Сводоба, потпретседател на Прогресивната алијанса на социјалисти и демократи во ЕП.
Во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на Република Македонија.
Во Стразбур се одржува летната сесија на Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG