Достапни линкови

Меѓународна потерница по казахтански банкар


Истражниот комитет на руското Министерство за внатрешни работи побара распишување меѓународна потерница по поранешниот директор на казахтанската БТА банка, Мухтар Аблиазов. Тој е обвинет за измама вредна 5 милијарди долари. Обвинет е дека земал кредити од странство кои ги префрлал на оф-шор фирми. Властите велат дека дел од тие фирми се негови. Поради тоа, лани банката речиси банкротираше. Аблиазов тврди дека е жртва на обид на државата да ја преземе банката. Лани тој избега од Казахстан и сега е во Лондон.
XS
SM
MD
LG