Достапни линкови

Фестивал за роденденот на казахтанскиот претседател


Со голем фестивал, огномети и концерти, Казахстан го прославува 70 роденден на претседателот Нурсултан Назарбаев. На отворањето на огромен затворен парк во чест на роденденот на Назарбаев, пееше италијанскиот тенор Андреа Бочели. Паркот собира 10 илјади луѓе. На церемонијата присуствуваа седуммина претседатели, како и кралот на Јордан.
Назарбаев е еден од само двајцата лидери во Централна Азија кои биле на чело на нивните држави при распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Другиот е узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.
Големите нафтени резерви го направија Казахстан една од најбогатите држави во Централна Азија. Казахстан е и најголем извозник на ураниум во светот. Сепак, на Назарбаев му се забележува за гушење на слободата на говор, недостиг од демократија и опострукции на опозицијата.
XS
SM
MD
LG