Достапни линкови

logo-print

По 17 години обновена Вардарската регата, посветена на делото на велешките гемиџии

„Македонија! - Македонија!“
„Од каде сте?“ - „Од Велес.“
„Кои сте?“ „Гемиџии.“

На овој начин се отпоздравија 52-та учесници на годинашната Вардарска регата кога пристигнаа на целта во Гевгелија. Меѓу учесниците годинава и пет новинари и двајца сниматели. Велат дека одлуката да пловат по Вардар е да се доживее предизвик кој со себе го носи реката. Регатата се одржува по единаесети пат. Многумина за неа раскажувале, но да се доживее е нешто сосема друго, вели снимателот Игор Андреевски.

„Значи треба да бидеш дел од регатата за да го доживееш тоа. Друго е некој друг за тоа да раскажува“, рече Андреевски.

Од Велес до Гевгелија се пловеше четири дена. За новинарот Орце Николов, пловењето низ клисурата Демир Капија е нешто што прв пат го доживува. Но превртувањето на гемијата пред самата цел е настанот која ја одбележа оваа Регата.

Вардарска Регата

„Имаше под мостот во водата шини од некој стар мост, не се гледаа воопшто. Гемијата удри во нив се преврте и за три секунди ја снема. Ако Титаник потонал за 15 или 30 минути, гемијата потона за три секунди. Градоначалникот и претседателот на Советот одма изрипаа. Со нив изрипаа и двајцата сплавари“, рече Николов.

Иако кога се случила несреќата, снимателот Анреевски бил во последниот чамец, настанот го снимил. Вели дека се добро завршило освен бурето со вино кое го испратиле во соседна Грција со цел догадина по него да пловат до Солун.

„ Ние тоа го снимавме и го имам баш она превртувањето на гемијата.Во секојслучај испадна добро никој не е повреден освен што ни избега бурето со вино кое градоначалникот петров требаше да го предаде на грдаоначалникот на Гевгелија“, рече Андреевски.

Четворицата патници на Гемијата, градоначалникот Петров, претседателот на Советот Чадиев, сплаварите Пачуков и Малинков на целта пристигнаа со пливање.

„Регатата заврши успешно. Моравме пред нашите домаќини од Гевгелија да направиме шоу, така да единствена жртва од оваа Регата е едно буренце со вино. Трговијата ни пропадна. Наместо две, сега имаме едно буре кое ќе му го подариме на нашиот домаќин со желба да наздравиме со него“, рече градоначалникот Горан Петров.

Вардарска регата е посветена на делото на Велешките Гемиџии. Првата регата е одржана 1984 година, годинешнава по 17 години пауза беше 11-та по ред.
XS
SM
MD
LG