Достапни линкови

Ван Ромпуј се сретна со Борис Тадиќ


Српскиот претседател Борис Тадиќ и претседателот на Европска Унија Херман ван Ромпуј денеска потврдиле дека Србија има јасна европска перспектива . Тадиќ изразил незадоволство од забавување на процесот на европските интеграции, бидејќи тој смета дека за иднината на Западниот Балкан е пресудно што побрзо да биде интегриран во ЕУ. Според Тадиќ, секое друго решение не е корисно ниту за Западниот Балкан, ниту за ЕУ. Тадиќ и Ван Ромпуј разговарале и за актуелната ситуација на Косово.
XS
SM
MD
LG