Достапни линкови

Израелски министер се сретна со премиерот на Палестинците


Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак се сретна со палестинскиот премиер Салам Фајад во Ерусалим. Денешниот состанок е прв состанок на високо ниво меѓу двете страни. Оваа средба доаѓа пред утрешната во Вашингтон на израелскиот премиер Бенјамин Нетенјаху со американскиот претседател Барак Обама, кој сака двете страни да се вклучат во директни преговри. Палестинците се повлекоа од директни разговори со Израел откако Израел започна офанзива против Газа, на крајот на 2008 година. Американскиот специјален претставник Џорџ Мичел посредува меѓу двете страни да ги донесе на преговарачка маса
XS
SM
MD
LG