Достапни линкови

logo-print

Самит на Евро-Азијската Економска Заедница


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев денеска во Астана го отвори самитот на Евро-азијската Економска Заедница, во која се Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан и Украина. Лидерите на овие земји треба да договорат формирање на заеднички суд и да го усвојат буџетот за 2011-та. На маргините на овој самит, ќе се одржи и средба на лидерите на Русија, Белорусија и Казахстан, во врска со формирањето царинска унија. Предвидено е рускиот претседател Дмитриј Медведев да има средба и со новата лидерка на Киргистан, Роза Отунбаева.
XS
SM
MD
LG