Достапни линкови

Балканска турнеја на Ван Ромпуј


Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј денеска почнува турнеја во чии рамки ќе ги посети Словенија, Хрватска и Србија. Тој во Љубљана ќе разговара со премиерот на Словенија Борут Пахор со што ја почнува посетата на регионот. Ван Ромпуј потоа ќе го посети Загреб каде што ќе разговара со претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ и со премиерката Јадранка Косор, а потоа патува во Белград. Претседателот на Европскиот Совет доаѓа во прва посета на Србија од неговото стапување на таа функција, а ќе се состане со претседателот на Србија Борис Тадиќ. Ван Ромпуј, најавувајќи ја посетата, изјави дека сака да потврди дека стабилноста и европската интеграција на Западниот Балкан остануваат од клучно значење на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG