Достапни линкови

Коморовски неофицијално нов претседател на Полска


Кандидатот на опозициските конзервативци на вчерашните претседателски избори во Полска Јарослав Качински синоќа му ја честиташе победата на противкандидатот Бронислав Коморовски, привремениот шеф на државата од редовите на владејачките либерали. Коморовски рече дека со прогласување на победата треба да се почека до денеска, кога треба да се објават официјалните податоци и дека резултатите се блиску до реми. Тој ова го кажа по повод прогнозите на полската национална телевизија дека тој е победник од вториот круг на изборите. Прогнозите на јавниот ТВ сервис зборуваат за победа на Коморовски со 53 проценти од гласовите, додека братот близнак на загинатиот претседател кандидат Лех Качински, поранешен премиер Јарослав Качински освоил 46 проценти од гласовите.
XS
SM
MD
LG