Достапни линкови

Директни израелско- палестински преговори?


Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак се очекува денеска да се сретне со палестинскиот премиер Салам Фајад при што ќе стане збор за израелско- палестинските мировни разговори. Засега нема информации каде ќе биде одржана средбата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој заминува денеска за Вашингтон, изјави дека се надева оти неговите разговори со претседателот на САД Барак Обама ќе отворат пат досегашните индиректни преговори да бидат заменети со директни. Контактите меѓу Израел и Палестинците на највисоко ниво се замрзнати од 2009- та година поради израелската 22- дневна војна во Газа во периодот од декември 2008- та до јануари 2009- та година.
XS
SM
MD
LG