Достапни линкови

МОН со нова реформа


Наместо 20 ќе се полагаат само 5 предмети и тоа по преполовна цена која досега изнесуваше до 700 денари за предмет. Ова се измените кои се предвидени со новиот правилник на Министерството за образование,наменети за оние кои имаат само три години од средното образование, а сакаат да завршат и четврта. За ресорниот министер Никола Тодоров, ова е дел од владината стратегија за зголемување на образовното ниво и намалување на невработеноста во Македонија. Според измените, цената на испитите ќе ја одредува министерот, а ќе се движи во рамки на трошоците за организирање на наставата.
XS
SM
MD
LG