Достапни линкови

logo-print

Четири луѓе загинале во бомбашки напад во Ирак


Најмалу 4 луѓе загинале а 23 се ранети во денешниот самоубиствен напад на жена бомбаш во ирачката провинција Анбар, соопшти полицијата.Полицијата соопштува дека жената го активирала експлозив на пријавница во зградата на локалната влада во Рамади, 115 километри западно од Багдад. Во тој момент во зградата иамло многу луѓе кои чекале да ги прими гувернерот. Во друг напад на северот на Ирак, полицијата застрелала напаѓач што детонирал експлозив во близина на седиштето на локалните власти. Двата напада се случуваат во време кога во Багдад престојува американскиот потпретседател Џо Бајден.
XS
SM
MD
LG