Достапни линкови

logo-print

Четворица починати во Црна Гора од стомачни тегоби


Четири постари луѓе со стомачни тегоби починале во Црна Гора во изминатиот месец и половина , а лекарите не се сигурни за причините на нивната смрт. Црногорските медиуми јавуваат дека сите пациенти се постари и се лечени со антибиотици поради стомачни тегоби. Дел од лекарите сметаат дека пациентите починале од последиците на лечењето со силниот антибиотик „цефалоспорин. Лекарите не се сигурни за причината за смртта и како што изјавиле не се сигурни против што се борат. Случајот го истражува министерството за здравство.
XS
SM
MD
LG