Достапни линкови

Азербејџан очекува помош од САД за Нагорно Карабах


Претседателот на Азербејџан Илхам Алијев денеска од американскиот државен секретар Хилари Клинтон побара помош од Америка за пронаоѓање на решение за конфликтот со Ерменија за отцепениот регион Нагорно Карабах. Алијев изјавил дека очекува од Соединетите држави да помогнат да се најде решение кое ќе се заснова на меѓународното право. Алиев и Клинтон денеска во Баку имаа состанок зад затворени врати . Клинтон е на турнеја низ Централна Европа и Кавказот, во чии рамки се вклучени и Ерменија и Грузија
XS
SM
MD
LG