Достапни линкови

Пакистан ќе се справува со тероризамот


Премиерот на Пакистан се согласи да се одржи национална конференција за начините на кој ќе се справат со тероризамот. Премерот Јусуф Раза Гилани одлуката ја донел доцна синоќа , откако лидерот на опозицијата изјави дека владата треба да преговара со Талибанците за да се подобри безбедносната состојба во земјата.. Лидерот на опозицијата Наваз Шариф, ја повика Владата да преговара со пакистанските талибански милитанти "кои се подготвени да зборуваат и се подготвени да слушаат." Повиците за преговори со Талибанците доаѓаа на неколку дена по бомбашкиот напад на едно светилиште при што загинаа 42 луѓе.
XS
SM
MD
LG