Достапни линкови

Бајден оптимист за состојбата во Ирак


Американскиот потпретседател Џозеф Бајден кој вчера пристигна во ненајавена посета на Ирак, изјави дека е оптимист во поглед на формирање на нова влада со која ќе се стави крај на политичката криза. Во Ирак и по речиси 4 месеци од изборите се уште нема влада и премиер. Бајден треба да се сретне со поранешниот премиер Ијад Алави, со премиерот во заминување Нури ал Малики, и со шефот на државата Џалаал Талабани.
XS
SM
MD
LG