Достапни линкови

Петреус ја презеде командата со заедничките сили


Американскиот генерал Дејвид Петреус од денеска официјално ја презеде командата со американските и со НАТО силите во Авганистан. Американскиот генерал ќе командува со 130 илјади припадници на меѓународните сили. Тој на денешната церемонија во Кабул изјавил дека доаѓа во критичен момент. На вчерашното пак прво јавно обраќање, повика на единство во напорите да се постигне мир . Петреус изјави дека ќе се бори да се подобри координацијата меѓу цивилите и војниците, и дека ќе и помага на авганистанската влада да ги подобри животите на луѓето. Петреус во Авганистан доаѓа на местото на генерал Стенли Мекристал, кој беше сменет по неговите изјави со кои критикува врвни политичари од администрацијата на Обама. Јуни е најсмртоносен месец за сојузничките сили од почетокот на војната во 2001-та. Загинаа 102 војници, од кои повеќе од половина Американци.


XS
SM
MD
LG