Достапни линкови

Втор круг на претседателски избори во Полска


Во Полска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори . Во првиот круг најмногу гласови освоија претседателот на парламентот и вршител на должноста претседател Бронислав Коморски и поранешниот премиер Јарослав Качински. Изборите во Полска се распишани по смртта на претседателот Лех Качински , кој заедно со уште 90 преставници на политичкиот и воениот врв на Полска загинаа во авионска несреќа во април.
XS
SM
MD
LG