Достапни линкови

Шпанија во полуфиналето


Шпанија е последниот полуфиналист на Светското првенсѕво во Јужна Африка, откако синоќа во многу драматичен натпревар од четвртфиналето, ја совлада репрезентацијата на Парагвај со 1:0. Голот го постигна Давид Виља во 83 минута, што е негов 5-ти гол на Мундијалот. „Драмата“ се случуваше во 60-та минута, кога најпрвин Парагваецот Кардозо не искористи пенал, а минута подоцна и Шпанецот Чаби Алонсо во вториот обид не погоди од 11 метри, откако судијата го поништи голот од неговиот прв обид поради прерано влегување на неколку шпански играчи во казнениот простор. Шпанија во полуфиналето ќе игра со Германија.
XS
SM
MD
LG