Достапни линкови

Џо Бајден во ненајавена посета на Ирак


Американскиот заменик-претседател Џо Бајден денеска пристигна во Ирак во ненајвана посета. Се очекува тој да се сретне со ирачките лидери за да се изнајде начин за излез од ќор -сокакот со формирање на влада. Ирачките политичари се уште преговараат за формирање
на влада иако изборите беа во март. Американските сенатори го повикаа Ирак побрзо да дејствува и да формира влада. Сенаторите Џон Мекејн, Џо Либерман, и Линдзи Греам во Багдад разговaраа со двајцата кандидати за премиер, премиерот Нури ал-Малики и поранешниот премиер Ијад Алави.
XS
SM
MD
LG