Достапни линкови

СЕ ќе им помогне на луѓето во Грузија


Делегацијата на Советот на Европа предводена од генералниот секретар Торнбјорн Јангланд и Антонио Милошоски како претседавач со Комитетот на Министри, денеска ја посети на зоната на разделување Ергнети со областа Јужна Осетија , како и кампот за раселени лица во Цировани. Милошоски оценил дека ситуацијата на терен е прилично сложена, но како делегација на Советот на Европа ќе се обидат да им се помогне на сите лица кои трпат директни последици од воената состојба, пред се раселените и бегалците од воениот конфликт во 2008 година. Делегацијата на Советот на Европа, денеска ќе има средба и со претседателот на Грузија Михаил Саакашвили.
XS
SM
MD
LG