Достапни линкови

logo-print

Полска и САД потпишаа анекс договор за антиракетен штит


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и полскиот шеф на дипломатијата Радослав Сикорски денеска во Краков потпишаа анекс договор за противракетна одбрана. Со овој договор Полска ќе се вклучи во американскиот антиракетен штит. Полска и САД веќе имаат потпишано договор за антиракетна одбрана, но овој е изменет договор од страна на претседателот Барак Обама. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека планираниот американски ракетен штит во Европа е "чисто дефанзивен систем" и не е насочена кон Русија.
XS
SM
MD
LG