Достапни линкови

Јанкуловска на средба со собраниското обезбедување


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одржува состанок со вработените во одделот за обезбедување кои биле на должност во Собранието кога се случи инцидентот во четвртокот вечерта, соопшти МВР. Инцидентот се случи по завршувањето на седницата кога, пратеници од опозицијата излегле пред Собранието на стечајците да им го соопштат резултатот од собраниската седница.Тогаш пратениците од опозицијата се судриле со полициски службеник кој што го снимал со камера нивниот разговор со стечајците, без да се легитимира. МВР тврди дека лицето било вработено во дефанзивно електронско техничко обезбедување, оддел кој е задолжен за снимање кога има некои собири и протести.
XS
SM
MD
LG