Достапни линкови

ЕУ го осуди инцидентот во Косовска Митровица


Високите преставници на Европската Унија, Херман ван Румпуј и Кетрин Ештон го осудиле „трагичниот инцидент во северниот дел на Митровица“ во Косово и изразиле загриженост за ситуацијата. Претседателот на Европскиот Совет, Румпуј побарај итно повторно да се воспостави мир и сите страни одговорно да се однесуваат. Ештон повикала полицијата во Косово со подршка на ЕУЛЕКС да го истражи инцидентот и виновникот да го изведе пред суд. Во вчерашниот напад на северот на Косовска Митровица, еден човек загина а 11 се повредени.
XS
SM
MD
LG