Достапни линкови

Во Лахоре протести против тероризам


Во пакистанскиот град Лахоре, денеска се затворени продавниците и канцелариите во знак на револт за самоубиствениот бомбашки напад кој се случи во четвртокот при што загинаа 43 луѓе. Лидерот на Сунитите, Рагиб Нееми изјавил дека за денеска попладне се планира голем митинг со кој ќе се повика владата да превземе конкретни мерки за спречување на терористичките акции. Вчера демонстрантите по улиците на Лахоре гореа гуми и ги обвинуваа Талибанците за последниот терористички напад насочен кон суфистичко светилиште.

XS
SM
MD
LG