Достапни линкови

Киргистан доби претседателка


Роза Отунбаева беше инагурирана за претседател на Киргистан, со што стана првата жена претседател на некоја пост советска република. Отунбаева денеска ја положи свечената заклетва, на само еден ден откако изборната комисија ги соопшти официјалните резултати од минатонеделниот референдум за уставни промени. Со промените Киргистан стана првата парламентарна демократија во Централна Азија. Новиот устав беше предложен од привремените власти на Киргистан кои дојдоа на власт откако Курманбек Бакиев беше соборен во април. Минатонеделниот референдум се спроведе по насилствата во земјата меѓу ентичките Киргизи и Узбеци. Отунбаева денеска вети дека ќе се залага за нова политичка култура и ќе се придржува кон владеење на правото.
XS
SM
MD
LG