Достапни линкови

Двајца од „руските шпиони“, признале дека се руски државјани


Двајца од десетмината кои се обвинети дека се руски шпиони, признаа дека се руски државјани. Михаел Затоли и Патриција Милс исто така ги соопштиле нивните вистински имиња Микаил Кутзик и Наташа Переверзева. Тие двајца и уште еден од уапсените се појавија вчера пред судот во Вирџинија . Десетмината уапсени се обвинети дека се агенти кои работат за интересите на Русија. За кривичното дело шпионажа им се заканува до 5 години затвор.

XS
SM
MD
LG