Достапни линкови

Хилари Клинтон во посета на Полска


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, ја посети Полска, последната земја од нејзината турнеја низ Источна Европа и Кавказот. Клинтон учествуваше на прославата на 10 годишнината од основањето на Заедницата на демократии, која преставува глобална мрежа на демократски земји. Клинтон, која е во Полска во пресрет на претседателските избори во земјата, исто така, ќе се сретне и со министерот за надворешни работи Радослав Сикорски. Тие ќе разговараат за Авганистан, Иран, европската безбедност, економските и енергетските прашања.
XS
SM
MD
LG