Достапни линкови

logo-print

Холандија слави, Дунга ја презема вината


Репрезентацијата на Холандија

Репрезентацијата на Холандија

И додека во Холандија се слави првата победа против Бразил по 1974 година, бразилскиот селектор ја презема одговорноста за поразот

Репрезентативецот на Холандија Весли Снајдер оцени дека неговата екипа со победата против Бразил, во четвртфиналето на Светското првенство, му покажа на светот дека игра добар фудбал. Победата од 2:1 е прва против Бразил од 1974 година.
„Тоа беше неверојатен натпревар. Конечно го победивме Бразил.“ Изјави Снајдер, кој беше стрелец на победоносниот гол во 68 минута.
„Само се лизна од мојата ќелава глава и влезе во мрежата. Тоа е фантастично чувство“ додаде тој.
Холандија ќе игра во полуфинале на едно Светско првенство прв пат по 1998 година, кога во Франција загуби од Бразил на пенали.
Селекторот на Холандија Берт ван Марвајк изјави дека на полувремето им рекол на играчите со трпелива игра да ги чекаат своите шанси.
„Можевме да загубиме веќе по 15 минути игра. Тоа им го реков на играчите. И да ја играат својата игра и да бидат трпеливи. Кога Бразил го постигна автоголот, работите тргнаа на подобро за нас“ рече Ван Марвајк.
Селекторот на Бразил Карлос Дунга, пак, ја презеде вината за поразот во четвртфиналето.
„Ова не го очекуававме. Знаеме дека на Светско првенство мораме да играме добро 90 минути. Во првото полувреме игравме добро, но во второто не можевме да го задржиме таквиот ритам. Ја преземам вината. Мојата одговорност е најголема“ рече Дунга.

На директното прашање дали останува селектор, Дунга кратко изјави: „Сите знаеме што следува. И кога ја презедов репрезентацијата, договорот беше само за четири години“

Бразил и на минатиот Мундијал беше елиминиран во четвртфиналето, по поразот од Франција со 0:1, а Дунга по тој неуспех беше поставен на местото селектор, и покрај недостигот на искуство.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG