Достапни линкови

ДПА и ДУИ во жестоки обвинувања за корупција


ДПА на денешната прес - конференција објави снимен аудио материјал на кој, како што тврдат од партијата, пратеникот од ДУИ Џеват Адеми ги обвинува министрите од неговата партија дека земаат мито од 2000-3000 евра по вработување.
- Дека атмосферата во паријата на Али Ахмети е дојдена до точка на вриење може да се види од овој материјал каде Џеват Адеми директно упатува навреди и за мајката на Муса Џафери, рече Луан Треси шеф на кабинетот на лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Адеми во телефонски разговор со новинарите појасни дека снимениот материјал е негов говор пред највиското партиско тело, кога и тој бил член од Централното претседателство.
- Тоа што го зборувам е превентивен, предупредувачки говор упатен до членовите на Централното претседателство за да не станеме и ние како тие од ДПА кои го рекетираа и малтретираа албанскиот народ. Тука нема ништо скандалозно и стојам позади секој кажан збор. Псовката е монтирана и не е дел од автентичниот говор, рече Адеми.
Од ДПА најавија дека материјалот ќе го достави до сите релевантни амбасади во Скопје и до Јавниот Обвинител за да спроведе истрага за, како што рекоа од партијата, овој криминал на министрите и блиските соработници на Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG