Достапни линкови

logo-print

Поплави и евакуација во Романија


Поројните дождови и зголемувањето на нивоата на реките зафатиле во изминатото деноноќие 104 населени места од 14 окрузи во Романија и наложиле евакуација на 7.762 лица, соопшти Главниот инспекторат за вонредни состојби.
Поплавени се околу 13.000 хектари обработливо земјиште и над три илјади пасишта и ливади, еден национален пат, пет окружни патишта и десетици локални патишта.
Премиерот Емил Бок објави дека ќе ги посети поплавените населени места Саучешт и Скинен во округот Бакау, Североисточна Романија. Над две илјади лица денеска беа итно евакуирани, откако нивото на реката Сирет го достигна историскиот максимум по 2008 година.
XS
SM
MD
LG