Достапни линкови

Русија и Белорусија се договорија за транзитот на гас


Русија и Белорусија денеска потпишаа договор за цената на транзитот на рускиот гас за Европа, соопшти белоруската комапнија за гас. Русија ќе плаќа по долар и 88 центи за илјада кубни метри гас на 100 километри. Последните несогласувања меѓу Русија и Белорусија, според аналитичарите, биле мотивирани и од инсистирањето на Москва и Минск да се приклучи во царинската унија меѓу Русија и Белорусија. Најавено е дека претседателот Лукашенко ќе го потпише договорот за царинската унија во наредната недела.
XS
SM
MD
LG