Достапни линкови

Еден загинат и 11 повредени од експлозија во Косовска Митровица


Советот за национална безбедност на Србија одржува итна седница, која ја свика претседателот Борис Тадиќ поради експлозијата во Косовска Митровица, во која едно лице загинало, а беа повредени 10-тина лица. Експлозијата се случила на протест на србите од Митровица против најавата на косовската влада дека ќе отвори центар за цивилни услуги во тој град. Се претпоставува дека била фрлена рачна граната. Тадиќ оцени дека инцидентот во Косовска Митровица претставува провокација на мирот и провокација на Србија и најави дека ќе бара остра реакција од меѓународните институции.
XS
SM
MD
LG