Достапни линкови

Непочитувањето на одлуките на Уставниот суд дефинитивно ќе значи криза на функционирање на институциите и ќе се доведе во прашање постоењето на правна држава, велат експеритите. Деновиве повеќе објекти од проектот „Скопје 2014“ паднаа пред Уставниот суд.

Доколку Владата не ги почитува на одлуките на Уставниот Суд, тоа ќе значи криза на функцуонирање на институциите на системот велат професорите по уставно право. Владата, како извршна власт, е должна да ги спроведе одлуките на Уставниот суд, вели професорот по уставно право Бајрам Положани.
Таква состојба е можна и се работи за криза во нефункционирање на системот, исто како што има и други кризи, како парламентарна криза, криза во извршната власт и др.


Половина од објектите од проектот „Скопје 2014“ паднаа на Уставен суд, но власта најави продолжување на градбата „Порта Македонија“
„Тогаш имаме една состојба за која не може да се бара некој друг орган кој ја презема надлежноста за извршување на одлуките на Уставниот суд, туку се работи за неодговорност, односно за нефункционирање на институциите на системот. Таква состојба е можна и се работи за криза и нефункционирање на системот, исто како што има и други кризи, како парламентарна криза, криза во извршната власт и др.“

Поранешната судијката во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска вели дека непочитувањето на одлуките на Уставен Суд е незамисливо во општество каде што владее правото.

„Владеење на правото е еден основ кој што никако не смее да се запостави и никако не смее да се стави на страна. Доколку не постои почитување на секој во рамките на својата надлежност, тогаш апсолутно се доведува во прашање постоењето на правна држава.“

Уставниот суд донесе одлука за укинување на последните измени на советот на општина Центар за деталниот урбанистички план
„Мал
Доколку непостои почитување на секој во рамките на својата надлежност, тогаш апсолутно се доведува во прашање постоењето на правна држава.
Ринг“. Според одлуката на Уставниот Суд спорни се само 19 објекти - Триумфалната капија „Порта Македонија“ , петте катни граражи, Склптурите на мостот „ОКО“, но не и самиот мост, фонтаните во реката Вардар и уште една фонтана за која не е прецизирана локацијата, сообраќајните решенија кои нудат пристап до објектите на Кејот и музичката инсталација пред Македонската опера и балет. Во уставниот суд велат дека со тоа што во последните измени е допрезицизирана намената на проектот на Министертвото за култура „Порта Македонија“ станува спорен објект и со тоа треба да се одложи градбата се додека не се отстранат недостатоците во постапката во постапката за донесување на деталниот урбанистички план.


Работници ја поставуваат подземната инсталација за фонтаната на плоштадот Македонија


Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска за Радио Слободна Европа изјави дека одлуката на Уставниот суд нема да се рефлектира врз тој објект затоа што тој веќе има одобение за градба. Професорот Положани вели дека без разлика што за спорните објекти има одобение за градба треба да се застане со градбата.

„Во случајот слушам коментари дека веќе се издадени дозволи, парите се обезбедени итн, мислам дека се работи за состојби за непочитување на таквите одлуки, најмалку што треба е да се застане со сето тоа и да се преземаат мерки во однос на обновување на последиците за да се донесат соодветни општи акти и по однос на овие инфраструктурни објекти.“

Николовска додава дека одобренијата за градба во ситуацијава имаат правна тежина, и затоа треба да се види на кој начин одлуката на Уставниот суд може да се спроведе.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG