Достапни линкови

Ѓул - Турција не бега од Западот.


Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека е погрешно турските интереси во други географски региони да се толкуваат како отргнување од Западот, вртење грб и барање алтернативи. Турција е дел од Европа, изјави Ѓул за лондоски Тајмс.
Од почетокот на преговорите за членство во Европската унија пред пет години, Анкара бележи бавен напредок. Истовремено, Турција има добри односи со Иран и Сирија, држави обвинувани од САД и Европа дека поддржуваат тероризам. Ѓул за Тајмс вели дека државата имала добри односи со Израел, но го заштитува решението да ги замрзне односите по инцидентот со хуманитарниот конвој.
XS
SM
MD
LG