Достапни линкови

Хрватите на референдум ќе бараат да не им се одземат работнички права


Хрватските синдикати соопштија дека собрале 810 илјади потписи, што е двојно повеќе од неопходниот минимим, за свикување референдум против планираните промени во законот за работни односи.Синдикатите се противат на нацрт-законот, со кој се планира да се зголеми конкурентноста на хрватската економија преку воведување на ограничувања во колективните договори и во улогата на синдикатите.Според хрватските закони Владата е должна да свика референдум, доколу петицијата за него е потпишана од десет проценти од 4,4 милиони регистрирани гласачи.Хрватскиот премиер Јадранка Косор изјави дека ќе свика референдум, но истовремено предупреди дека Владата претходно треба да пронајде 23,6 милиони евра за да го организира.
XS
SM
MD
LG