Достапни линкови

Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј"


Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј"

Велимир Стојковски, ректор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј"

Нема директно влијание на политиката врз работата на Универзитетот, или врз некои од факултетите, затоа што Универзитетот функционира по автономен принцип и по сосема автономен закон за високо образование, а и во Уставот е загарантирана нашата автономија.

Познато е дека се противите на намалувањето на буџетот на факултетите со намалувањето на партиципацијата за студирање. Очигледно дека министерството не планира да ги надомести парите што факултетите ќе ги изгубат, што планирате да направите?

Со намалувањето на партиципацијата ќе се направи нарушување не само во финансиската автономија на универзитетите, туку и во квалитетот на наставата со оглед на тоа дека навистина еден голем дел од тие средства и најголем дел од тие средства, се враќаше повторно кај студентите во вид на организирање на подобра и поквалитетна настава. Решението го гледаме во Советот за финансирање и неговото формирање кој што треба да ги дефинира финансиските услови за функционирање на секое високо образовна институција и за функционирање на дејноста на универзитетите. Сега универзитетите ќе се снаоѓаат онака како што знаат и умеат, на некои факултети сигурно ќе имаме зголемување на бројот на студенти по група, а на другите факултети, Универзитетот ќе најде начин да се обиде да не трпи квалитетот на наставата. Морам да кажам дека имаме еден позитивен сигнал од страна на министерот, ми се чини дека и министерот разбра дека се направи една грешка, така што сега се оди на една варијанта и се оди во таа насока од страна на министерството да се дозволи, одреден број на вработувања на универизтетот, со тоа што дел од средствата што одеа за вработување на кадар што не беше покриено со буџетот, а кои што бевме задолежени да го примиме согласно Бољонските принципи на студирање ќе биде покриен од страна на државата. Така што се надевам дека намалувањето на квалитетот или несаканите последици ќе си сведеме на минимум, доколку се исполни ова ветување.

Кога владата ја донесе оваа одлука, Министерството кажа дека парите што ќе ги изгубат факултетите се трошеле за авторски хонорари, а не за подобрување на квалитетот на наствата. Не се ли пресилни изразите кога се вели дека ова ќе нанесе непоправливи штети врз наставата?

Не се. Затоа што под авторски хонорар треба да се расчлени овој термин, за да се види што значи авторски хонорар. На нашиот Универзитет има вработено 2 566 вработени кои што се на буџет и 607 вработени што ги плаќа универзитетот. Тие 607 се вработени преку Агенцијата за времено вработување и нормално дека нивните ставки за месечно вработување или плата фигурираат како хонорар, настрана од тоа има и хонорари кои што се исплаќаат нормално и како хонорари за извршени услуги, докториски дисертации, магистерски студии, авторски проекти итн. Меѓутоа она што се мисли дека се хонорари, чисто и вулгарно сватено како хонорар за професорите не е така, реалноста е сосема друга, доколку овие 607 вработени би биле на сметка на буџетот, а не на универзитетот, сигурно дека нема да оди толкава сума за хонорари.

Ако владата реши да остане на ставот иако споменавте извесни корекции, каква ќе биде вашата политика за да се ублажат последиците што ги предвидувате?

Секој факултет си креира своја политика иако ние сме интегриран универзитет, политика во поглед на стручноста, затоа што кај секој факултет различно ќе се одрази. Има факултет кај кои што воопшто нема да се одрази, има факултети кај кои што ќе се одрази повеќе или помалку и факултети кои што ќе бидат сериозно загрозени во нивното витално функционирање. Зависи за кој тип на настава станува збор, колку станува збор за практична настава којашто бара трошоци од типот на хемикалии, потрошни материјали итн, секој факултет ќе си изгради своја стратегија како може да го помине овој период додека не се најде погодно решение.

Како гледате на иницијативите коишто произлегоа од некои од професорскиот кадар да се обжали оваа одлука пред Уставниот суд?


Видете, тоа е е легитимно право на секој индивидуалец или на секоја институција и не би можел да го коментирам.

Од друга страна студентите на протести бараат целосно укинување на партиципацијата и подобрување на условите за работа. Колку сериозно ги разгледувате овие барања на студентите?

Ние неможеме да ги разгледуваме овие барања од аспект на којшто алудирате, затоа што ние сме државен универзитет и трошоците за студирање ги покрива државата. Не би имале ништо против ако се покријат трошоците и кога ние не би наплаќале ништо. Но,има еден елемент што сакам да го потенцирам, во Европа се оди во сосема друга насока, очигледно дека светската криза, рецесијата и оваа лоша економија, не е само во Македонија туку и секаде, и неможеме сега да бараме од државата да ги покрие сите трошоци, кога и во многу побогати држави од нас има партиципација.

Со оглед на тоа што во поголем дел протестите на студените се однесуваат и на обезбедување на подобри услови за работа, какви се вашите видување во однос на ова?

За жал секои подуслови за работа, подразбираат различно нешто. Кај нас условите за работа се вулгаризираат и под услови за работа се подразбира колку има компјутери и колку има столчиња за седење на студентите и тука често не критикуваат. Меѓутоа услови за работа на Техничките факултети не е само тоа, таму се лаборатории, апаратури, на Медицинскиот факултет се сали итн. Вие можете да дојдете до истиот заклучок ако направите анализа на приватните универзитети кои гранки и кои факултети се отвараат, сигурно нема да најдете некои од Техничките факултети, од медицинските или биотехничките факултети. Значи на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" ќе кажам услови за работа постојат, меѓутоа зависи кој што гледа под услови за работа. Се разбира дека ние неможе да кажаме дека условите се идеални, никаде не се идеални, но ако ја погледнете нашата евалуација, надворешна евалуација, ќе видите дека оценките со кои што нашиот универзитет е оценет се највисоки оценки.

Гледате ли резултати од дисперзираните студии и реалната потреба од зголемување на бројот на државните факултети?


Нашите факултети секогаш се расположени да ја прифаќаат дисперзијата како еден предлог од страна на министерството во оние средини каде што има услови. Во однос на тоа колку кандидати ќе се јават и дали е тоа оправдано, став на нашиот Универзитет е дека времето тоа ќе го издифенцира. Значи ако некаде сме отвориле факултет, а се јавиле 100 или 200 кандидати очигледно дека идеата таму била успешна и оправдана, но ако ви се јават пет студените значи дека треба да менуваме нешто во однос на дисперзираните студии во тој град. Без разлика на тоа Универзитетот стои дека во оние неколку града каде што имаме отворено факултети, дека ги задоволуваме условите за изведување настава.

Колку сметате дека променените на факултетите се ориентирани според ситуацијата во државата, односно тоа која партија е на власт?


Нема директно влијание на политиката врз работата на Универзитетот, или врз некои од факултетите, затоа што Универзитетот функционира по автономен принцип и по сосема автономен закон за високо образование, а и во Уставот е загарантирана нашата автономија. Може да постојат различни идеи во зависност од тоа кој е на власт, значи да бидат идеи за таков или онаков развој. Ние сме државен Универзитет, ние сите идеи ги прифаќаме и ги разгледуваме. Оние идеи што сметаат факултетите дека се добри секако ќе ги прифатат, оние сметаат дека не се добри вие можете да видите дека наидуваат на критика. Вие знаете дека дисперзираните студии не се иновација на оваа гарнитура во Универзитетот, тие се на претходната гарнитура, којашто условно кажано беше во време на една друга политичка опција. Значи неможеме да кажеме дека има некоја директна врска, дека некој му наредува на Универзитетот да постапи како било.

Во однос на квалитетот на испитувања на Универзитетот и Кредит трансфер системот. Какви се вашите размислувања бидејќи постојат одредени мислења за тоа колку е пренагласен ЕКТС?

Се сложувам како ректор и како професор, дека ние како државата бевме во ситуација да ја потпишеме оваа Болоњска декларација, меѓутоа сведоци сме и на една друга струја во движењето меѓу европските Универзитети кои што го одбиваат Болоњскиот процес и последниве години дури и на Универзитетите што ја прифатиле ,,Болоња", се ревидираа некои принципи кои што таа ги наметнува за студирање, како ЕКТС. Сега понатаму можам да зборувам како професор, значи драго ми е што се воведе Болоњскиот принцип затоа што во еден сегмент значи усогласување на програмите и таа е пред се воведена за да се обезбеди мобилност и трансфер на луѓето, идеите итн. и тука ние немавме друг избор освен да го воведеме Болоњскиот принцип. Таа не е така ,,крута" како што се мисли, таа дава една флексибилност. ЕКТС да, неможете со ЕКТС да извршите евалуација и проценка на знаењето во сите сегменти на студирањето, значи мора да има двонасочност. За жал многу ,,круто" понекогаш се сваќа Болоњскиот процес, но ние на тие факултети, на тие насоки воведувам дополнителни критериуми за евалуација и за селекција на знаењето што го направил студентот. Болоњскиот процес е добра иновација, но ние треба да бидеме малку пофлексибилни и да не ја застапуваме тезата дека ова е идеален модел на студирање, затоа што веќе голем дел од европските земји каде што беше воведен и е воведен Болоњскиот принцип, се дискутира се пожештоко за Болоњските принципи.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG