Достапни линкови

logo-print

Пристап до интернет - основно човеково право во Финска


Финска е првата земја во светот која правото на пристап до брз интернет го прогласи за основно човеково право, а интернет провајдерите добија обврска да му обезбедат на секој граѓанин пристап до широкопојасен интернет. Брзината на интернетот за сите граѓани мора да бида најмалку 1 мегабит во секунда, независно од тоа каде живеат. Правото на широкопојасен интернет, од денес во Финска се смета исто како право на телефон или поштенски услуги.
Финска во моментов води на листата на земјите со најголем процент на жители кои користат интернет. Повеќе од 95 отсто од вкупно 5 милиони Финци, секојдневно користат широкопојасен интернет.
XS
SM
MD
LG