Достапни линкови

logo-print

Голем дел од планираните градби со проектот „Скопје 2014“ паднаа на Уставен суд. Во Министерството за култура денеска соопштуваат дека скулптурата ’Порта Македонија‘ за која тие се надлежни ќе продолжи да се гради.

Триумфалната Капија сепак ќе се гради и покрај одлуката на Уставниот Суд за укинување на измените на деталниот Урбанистички план „Мал Ринг“, вели министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Таа додава дека изградбата на Скулптурата „Порта Македонија“ ќе продолжи затоа што министертвото добило одобение за градба пред да се донесе одлуката на Уставниот суд.

Проектот ’Порта Македонија‘ ќе продолжи да се гради... Што со останатите објекти?
„Од овие објекти за кои што Уставниот суд ја поништува одлуката таму стои само скулптурата ’Порта‘ останатите објекти не се во
Во делот на ,,Портата" можам да ве информирам дека одобрението за градба е дадено пред да донесе Уставниот суд ваква одлука.
надлежност на Министерството, и не можам да ви дадам изјава во однос на тоа, бидејќи тоа не е наша надлежност, ние не сме инвеститори.
Во делот на ’Портата‘ можам да ве информирам дека одобрението за градба е дадено пред Уставниот суд да донесе ваква одлука.“

РСЕ: Дали ќе барате одговорност од општината Центар за нерегуларната постапка за носење на овој урбанистички план?

„Ние немаме врска со тоа.“

Во општината Центар велат дека нема да ја коментираат и ќе ја почитуваат одлуката на Уставниот суд. Претседателот на општинската комисија за урбанизам, Владимир Бахчовановски вели не сака да коментира оспорување на убава работа за граѓаните на Скопје. Поранешниот претседател на заедницата на единици на локална самоуправа и секретар на СДСМ, Андреј Петров вели дека последиците и одговорност од оваа одлука треба да ги сноси Владата.

„Оној што ја презел таквата постапка треба да ја сноси и одговорноста, тоа е Владата на РМ. Одлуките на Уставниот суд не се
Оној што ја презел таквата постапка треба да ја сноси и одговорноста, тоа е Владата на РМ, одлуките на Уставниот суд не се коментираат, тие се
спроведуваат.
коментираат, тие се спроведуваат. Во секоја земја, оној што презел такви чекори без да води сметка за последиците треба да ја сноси и одговорноста. Средства што таму се трошат се средства на Владата на РМ.“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска

Професорот Осман Кадриу вели дека одлуките на Уставниот суд се извршни во моментот кога одлуката ќе се објави во Службен Весник.

„Значи станува збор за одлука со која се утврдува дека има повреда на постапката при донесувањето на одлуката за измена на Урбанистичкиот план, значи самиот акт на Урбанистичкиот план треба да биде усогласен со законот и со другите важечки акти.“

Иницијативата за испитување на уставноста на измените во деталниот урбанистички план ја поднесе архитектот Мирослав Грчев. Според иницијативата, спорна е скратената постапка во донесувањето на измените. Според иницијативата, со оваа одлука треба да се стопира изградбата на подземните гаражи и додатоците на новиот Уставниот Суд и Министертвото за надворешни работи кои се градат на Кејот на Вардар, мостот Око, фонтаните околу Камениот мост, Триумфалната Капија и спомениците во паркот „Жена Борец“.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG